Erbil Başay
12 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
БЕРЛИН (АА) - Неидентификувани лица извршија напад врз џамијата „Мезџид-и Акса“ при Турско-исламската унија за верски прашања (DITIB) во германскиот главен град Берлин, јавува Агенција Анадолија (АА).
На предниот дел од џамијата, која се наоѓа во населбата Вединг, како и на прозоцрецот на друг објект до џамијата се напишани разни написи.
Шинаси Јашар, претседател на Здружението на оваа џамија, во изјава за АА истакна дека верскиот службеник за време на утринската молитва забележал дека на прозорците на објектот до џамијата биле напишани написи, нагласувајќи дека случајот го пријавиле во полиција.
Јашар рече дека во ова подрачје сакаат да живеат без да се прави разлика според верата, јазикот и расата, и дека не знаат кој го извршил овој напад.
„Можеби има очевидци. Овој е втор напад извршен во нашата џамија. Се надеваме дека ќе биде и последниот“, рече тој, додавајќи дека го осудуваат овој напад.
Од друга страна, до џамијата „Мурадије“ во градот Хамбург било испратено писмо со расистичка содржина, во кое биле напишани навреди кон исламот и Турците.