Elena Teslova
04 Октомври 2022•Ажурирај: 05 Октомври 2022
МОСКВА (АА) - Горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата, денес едногласно ги ратификуваше договорите за приклучување на четири украински региони кон руската територија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сите членови на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, исто така вчера гласаа за договорите за инкорпорирање на регионите Доњецк, Херсон, Луганск и Запорожје во Русија.
Откако двата дома на рускиот парламент ги одобрат документите, рускиот претседател Владимир Путин ќе ги потпише како закон.
Ќе бидат направени и неопходни измени и дополнувања на рускиот устав, бидејќи со него се пропишува бројот на региони во земјата и други прашања за територијалната организација.
Минатиот петок, рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор со сепаратистичките власти на четири отцепени украински региони за приклучување кон Русија, по референдумите одржани од 23 до 27 септември.
Референдумите беа осудени од меѓународната заедница.