Ömer Koparan
04 Октомври 2022•Ажурирај: 05 Октомври 2022
АЛ БАБ (АА)
- Омер КОПАРАН
Фатма Мухамед од Алепо, Сирија, ги издржува своите деца во многу тешки услови во мала куќа изработуваќи облека на машина за шиење со ножна педала, пишува Агенција Анадолија (АА).
Фатма пред седум години го загубила сопругот, кој бил убиен во напад на силите на режимот на Асад.
Откако останала сама со своите деца во речиси уништена куќа во градот Ал Баб во областа Алепо во северниот дел на Сирија, оваа 40-годишна упорна и решителна Сиријка го храни своето семејство шиејќи облека.

Во интервју за AА, таа истакна дека со години е мајка и татко на нејзините три деца, со кои поради нападот во 2017 година морала да се насели во Ал Баб.
Како што рече Фатма, секој ден за неа е нова борба за да ги прехрани своите деца во куќата без прозорци и врати.
Таа рече дека кога се преселила во Ал Баб, со себе ја понела машината за шиење - подарок од нејзиниот сопруг.
Фатма зборувајќи дека егзистенцијата на нејзиното семејство ја обезбедува со шиење облека на машина за шиење, додаде дека им помага и на соседите кога нешто им треба.

Таа посочи дека за нејзе најважно е со труд и работа да заработува чесно за децата и за себе.
„Ги одгледувам децата така што заработувам работејќи на машина за шиење. Кога имаме пари, тогаш можеме да јадеме. Јас шијам и потоа тоа го продавам. Вака заработувам за џепарлакот на моите деца", вели Фатма.
Храната ја заработува продавајќи ја облеката што ја крои, но вели дека им помага и на другите семејства кои имаат потреба.

„Сакам моите деца да имаат убава облека и да можам да заработам за децата, за поубав живот и да можеме да си купиме храна.
Фатма живее со своите деца во многу сиромашна куќа без врати и прозорци, наместо кои ставила најлони.
„Во куќата имаме само душеци, немаме ништо друго. Во оваа куќа е многу топло во лето, а ветровито и многу студено во зима", рече оваа Сиријка.