Faruk Zorlu
22 Август 2018•Ажурирај: 22 Август 2018
АТИНА (АА) - Генералниот државен совет ја одби жалбата на Владата против азилот на еден од осумте турски војници кои побегнаa во Грција по неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот, Врховниот административен суд на Грција, вчера донесе одлука во врска со случајот на Сулејман Озкајнакџи, поставувајќи преседан за случаите на другите турски војници што се во бегство.
Грчкиот комитет за азил во јуни одлучи да му даде азил на Угур Учан откако Државниот совет во мај минатата година им даде азил и на поранешните војници Озкајнакџи и Ахмет Ѓузел.
Осумтемина поранешни турски војници избегаа во Грција еден ден по неуспешниот обид за државен удар во Турција, во јули 2016 година. Тие се товарат за вмешаност во државниот удар и за членување во терористичката организација ФЕТО.
Турција веднаш издаде барање за испорачување, кое беше веднаш одбиено од страна на Врховниот суд во јануари 2017 година, по неколку судења и поднесување жалби.
Војниците се товарат за вмешаност во државниот удар и за членување во терористичката организација ФЕТО.