Abdulkadir Karakaya
15 Јуни 2021•Ажурирај: 16 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Данскиот играч Кристијан Ериксен, чие срце престана да чука за време на натпреварот одигран против Финска на Европското првенство во фудбал 2020 година (ЕУРО 2020), истакна дека неговото здравје е добро и им се заблагодари на сите што го поддржуваат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ериксен на својот профил на Инстаграм, споделувајќи ја фотографијата направена во неговата болничка соба, напиша:
„Ви благодарам многу за вашите убави пораки и поздрави што дојдоа од целиот свет. Тоа за мене и моето семејство значи многу. Добро сум. Морам да поминам низ некои прегледи во болницата, но се чувствувам добро.“
Испраќајќи порака и до своите соиграчи од репрезентацијата на Данска, 29-годишниот фудбалер рече: „Играјте за цела Данска.“
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на фудбалскиот терен за време на натпреварот против Финска на ЕУРО 2020 одигран на 12 јуни.
Медицинскиот персонал притрча за да му направи срцева масажа на 29-годишниот фудбалер.
Откако беше објавено дека Ериксен е пренесен во болница и е во свесна состојба, натпреварот продолжи од местото каде што застана. Натпреварот го доби Финска со резултат 1:0.