Rania R.a. Abushamala
18 Октомври 2023•Ажурирај: 18 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Дванаесет Палестинци загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Медицински извори за Анадолу изјавија дека најмалку 12 Палестинци загинале, а десетици се повредени во бомбардирањето на куќата на семејството Ебу Исхак во источниот дел на Хан Јунис.
Воздушниот напад се случи по речиси 24 часа по израелскиот воздушен напад врз болницата во Газа, во кој загинаа околу 500 лица и кој наиде на широка осуда.
Невладините групи и светските лидери нагласуваат дека израелската кампања на бомбардирање на опколената енклава, во која што се бомбардирани и здравствени установи, куќи и храмови, го крши меѓународното право и можно е да претставува чин на воено злосторство.
Денес палестинската министерка за здравство Маи ал-Каила на прес-конференција рече дека бројот на загинати Палестинци во Газа се искачил на приближно 3.300, а над 13.000 се повредени во израелските воздушни напади од 7 октомври досега. Додека во Израел досега животите ги загубија над 1.400 лица.