28 Јуни 2021•Ажурирај: 29 Јуни 2021
БАГДАД (АА) - Терористичката организација ДЕАШ денес објави дека извршила ракетен напад врз електрана во северниот дел на Ирак, јави „Нашер њуз“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за електрична енергија на Ирак соопшти дека електраната „Салахудин“ била цел на ракетите „катјуша“, со што е предизвикана штета на производната единица на електраната.
Електраната минатата недела ја отвори ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими, а нејзиниот производствен капацитет изнесува 1.260 мегавати.
Ирачаните се соочуваат со проблеми во напојување со електрична енергија, посебно во камповите во кои живеат илјадници раселени Ирачани.