Gülşen Topçu
28 Јуни 2021•Ажурирај: 29 Јуни 2021
РАМАЛА (АА) - Еврејските доселеници нападнаа Палестинци во градовите Тубас и Наблус, што се наоѓаат на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, група еврејски доселеници физички нападнале тројца млади Палестинци во источниот дел на селото Тејасир кај Тубас.
Нападнатите млади Палестинци се пренесени во турската државна болница во Тубас.
Меѓу другото, Гасан Даглас, одговорно лице за досието за еврејски населени единици при Палестинската ослободителна организација, во изјавата за АА истакна дека групата доселеници отвориле оган врз возилото на Палестинецот Јусуф Фејас Девабше во близина на селото Дума во јужниот дел на Наблус.
Даглас информира дека како резултат на нападот биле скршени прозорците на возилото, но дека нема жртви.
Според податоците на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните работи (OCHA), во периодот од почетокот на годината до 21 мај се регистрирани 154 напади врз имотите на Палестинците, како и 66 напади што резултирале со повреди.