Çağrı Koşak
22 Април 2019•Ажурирај: 23 Април 2019
РИЈАД (АА) - Терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност за вчерашниот терористички напад врз полициската станица во северозападниот дел на Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите на ДЕАШ на интернет-порталот објавија видеопорака во која наведуваат дека нападот врз полициската станица во градот Ал Зулфи е извршен поради муслиманите кои се во притвор во Сирија, Ирак и Саудиска Арабија.
Саудиската полиција вчера соопшти дека спречила извршување на терористички напад врз полициска станица во местото Ал Зулфи, кое се наоѓа 250 километри северно од Ријад.
Во соопштението е наведено дека полицијата убила четворица вооружени терористи и дека се ранети тројца полицајци.
Организацијата за исламска соработка (OIC) го осуди терористичкиот напад и упати пораки со поддршка на Саудиска Арабија.