Elvir Hociç
09 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Меѓународниот париски маратон денеска се одржува по 41. пат, а и оваа година собра десетици илјади спортисти и рекреативци, јавува Anadolu Agency (AA).
Маратонот традиционално започна од париската авенијата Шанзелизе, а атлетичарите потоа се движат по патеката низ плоштадот Конкорд до булеварот Фош.
Станува збор за еден од најпрестижните маратони во светот на којшто околу 50.000 учесници ги запознаваат сите знаменитости на главниот град на Франција.
Оваа година маратонот е организиран со засилени безбедносни мерки.