Vesna Besic
21 Мај 2022•Ажурирај: 23 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Во руските напади уништени се населбите во градот Запорожје во Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
Екипата на АА сними драматично видео на кое можат да се видат димензиите на разорувањата на руските напади.
Уништени згради, улици, изгорени возила, се реалност во населбите во Запорожје.
Најмалку 3.778 луѓе се убиени, а 4.186 се ранети во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, проценуваат Обединетите нации, но се стравува дека вистинските бројки се многу поголеми.
Повеќе од 6,3 милиони луѓе ја напуштија земјата, а 7,7 милиони се интерно раселени, објави Агенцијата за бегалци на ОН.