Esat Fırat
06 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
ЕРУСАЛИМ
Евреи од екстремната десница го претепаа снимателот на Агенција Анадолија (АА), Фајиз Абу Румејле, кој чекаше да снима пред болницата каде што е хоспитализиран палестинскиот затвореник Хишам Ебу Хеваш во Тел Авив, главниот град на Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дошло до расправија меѓу Абу Румејле, кој чекал пред болницата „Асаф Харофе“ во Тел Авив, и екстремно десничарските Евреи кои се наоѓале во истата област.

Екстремно десничарските Евреи го претепаа Абу Румејле, за кого дознаа дека е снимател на АА. Исто така, упатија и навреди кон снимателот.
Локалната израелска полиција интервенира и приведе најмалку двајца екстремно десничарски Евреи.
Абу Румејле, кој претрпел тешки удари, по интервенцијата на екипите за прва помош е пренесен во болница.