Ali Semerci
30 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
КАИРО (АА) - Бројот на загинати во терористичкиот напад врз џамијата во близина на градот Ал-Ариш, во северниот дел на Синај, Египет, се зголеми на 310 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Египетската министерка за општествена солидарност, Гада Вали, за новинарите изјави дека бројот на загинати во нападот изведен во петокот, се зголеми на 310 лица.
Таа додаде и дека египетските власти одвоиле 50 милиони египетски фунти, или 2,8 милиони долари, наменети за исплата на отштета на семејствата на жртвите и повредените во нападот.
Во соопштението на Египетското обвинителство претходно е потврдено дека нападот е изведен од страна на припадниците на терористичката организација ДЕАШ, и дека во нападот учествувале меѓу 25 и 30 терористи.
Се тврди дека терористите до џамијата стигнале во пет одвоени возила, а за време на нападот запалиле еден автомобил. Потоа се обиделе да го спречат амбулантното возило на патот кон тоа место.