Ekipa
29 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
КАИРО (АА) - Египетскиот суд осуди 13 полицајци на три до пет години затвор за учество во штрајк во 2015 година, поради незадоволство од платите и условите за работа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Единаесет полицајци се осудени на три години затвор, а двајца на пет поради обвиненија за незаконско собирање и поттикнување против Министерството за внатрешни работи.
Пресудата, која може да се обжали, беше објавена вчера. Стотици полицајци во североисточната покраина Шаркија влегоа во штрајк во 2015 година.
Египет ги забрани сите неовластени протести во 2013 година, откако Армијата изврши државен удар и го собори претседателот Мухамед Морси. По соборувањето на Морси, египетските власти започнаа акција против неистомислениците, во која беа убиени стотици, а притворени илјадници луѓе.