Muhammed Bilal Kenasari
18 Август 2016•Ажурирај: 19 Август 2016
ВAШИНГТОН (AA) - На конференцијата организирана од Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања (СЕТА), истражувачот на Институтот Брукингс, Шади Хамид, истакна: „Ако државниот удар беше успешен, САД ќе продолжеа да соработуваат со пучистите“, јавува Anadolu Agency (AA).
На конференцијата организирана од СЕТА, каде што се дискутираше за односите Турција-САД, во контекст на обидот за државен удар на 15 јули, освен истражувачот на Институтот Брукингс, дебатираа и членот на академскиот кадар на Универзитетот „Сабанџи“, проф. д-р Халил Берктај, генералниот координатор на СЕТА, Бурахетин Дуран, како и координаторот на СЕТА во Вашингтон, д-р Кадир Устун.
Истакнувајќи дека САД има лошо искуство со реакциите на обидот за државен удар во земјата, Хамид се изјасни: „Немам никакво сомнение: ако државниот удар беше успешен, лидерите на САД ќе продолжеа да соработуват со пучистите“.
Хамид рече дека по успешниот државен удар во Египет против првиот избран претседател Мухамед Мурси, САД продолжија да соработуваат со изведувачот на пучот, Абдел Фатах Саид Сиси.
„Особено секретарот за надворешна политика, Џон Кери, има меки ставови во однос на диктаторите, треба да бидеме искрени“, рече тој.
Членот на академскиот кадар на Универзитетот „Сабанџи“, Берктај, почнувајќи хронолошки од Османлиското Царство, ги објасни искуствата на различните идеолошки групации внатре во турската војска.
Тој кажа дека турскиот народ неколкупати порано бил изложен на многу обиди за државен удар, но, на 15 јули тој излезе на улиците и ги бранеше своите претставници.
„Ставот на САД сериозно го загрижи турскиот народ“
Генералниот координатор на СЕТА, Дуран, зборуваше за перцепциите на турскиот народ кон САД, по обидот за државен удар на 15 јули.
Истакнувајќи дека народот на Турција сериозно е загрижен поради ставот на САД во врска со обидот за државен удар, Дуран изјави: „Народот очекуваше повеќе. Изјавата на Џон Кери беше перципирана во насока на тоа дека ако пучот беше успешен, САД ќе соработуваа со нив“.
„Ако биде екстрадиран Ѓулен, ќе има правен судски процес“.
И генералниот координатор на СЕТА, Вашингтон, Устун, рече дека во случај на екстрадиција на Ѓулен во Турција, нему ќе му се суди во правен судски процес. „Судењето на Абдула Оџалан беше реализирано под надзор на Европската Унија и беше еден правен судски процес. Ако биде екстрадиран Ѓулен, судскиот процес ќе биде сличен. „Сосема е можно фер судење“, истакна тој.
Устун рече дека при екстрадицијата на Ѓулен од САД, нормално е САД да му даваат важност на правото. „Мислам дека Турците го разбираат ова, но тоа има и политичка димензија“.