Atila Altuntaş
18 Август 2016•Ажурирај: 19 Август 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Еден од најгласните весници во Шведска, „Афтонбладет“, тврди дека децата бегалци се изложени на сексуална трговија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците објавени денеска во весникот „Афтонбладет“, во градот Малме, незаштитетните бегалци се изложени на сексуална трговија, а пак, полицијата не ги зема предвид жалбите за овој феномен.
Во интервјуто на еден директор на училиште, кој останува анонимен, се потенцира дека девојчиња и машки деца бегалци се земаат од училишниот двор и се подложуваат на сексуална трговија.
Директорот на училиштето изјавува дека овој феномен неколкупати е пријавуван во полиција, но, и покрај ова, полицијата нема преземено речиси никакви мерки. Тој истакна дека досега полицијата има започнато истрага само за едно исчезнато дете.
Од друга страна, пак, во едно интервју дадено за весникот „Судсвенскан“, кординаторката за борба против трговијата со луѓе во подрачјето Сканиа, Лиса Грин, призна дека децата бегалци се изложени на сексуална трговија.
Грин истакна дека само во 2014 година, во оваа насока се регистирани 40 пријавувања и дека бројот на деца изложени на сексуална трговија е многу поголем од тоа што се мисли.
Грин, исто така упати критики до полициските органи, коишто досега не извршиле никакви истраги во оваа насока.