Mohamed Sabry Emam Muhammed
30 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
БЕНГАЗИ (АА) - Најмалку три лица загинаа, а 21 е рането, во бомбашки напад кој доцна синоќа се случи во источниот либиски град Бенгази, а меѓу загинатите е и истакнат политички активист, јавува Anadolu Agency (AA).
Автомобилот наполнет со експлозив експлодирал доцна синоќа во централниот кварт Кеш во Бенгази. Меѓу загинатите е и Мохамед Букеикис, политички активист и лидер на организацијата која се бореше против корупцијата во Либија.
Во експлозијата загинаа уште двајца цивили, а вкупно 21 ранети лица се хоспитализирани. Меѓу ранетите има повеќе животно загрозени, па се стравува дека билансот на смртно настрданите би можел да се зголеми.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од народниот бунт кој во 2011 година резултираше со соборување на режимот на Муамер Гадафи.