Atila Altuntaş
30 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
СТОКХОЛМ (АА)- Во пожарот којшто избувна во апаратман во градот Карлстад, во областа Вермланд, Шведска, животот го загубија 4 лица од исто семејство, од којшто 2 се деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на управата на областа Вермланд се истакнува дека во пожарот, којшто избувна утринава, живото го загубија две деца на возраст од 4 и 5 години, како и родителите. Во соопштението се додава дека причината за смртта била труење со чад.
Дирекцијата за безбедност на Карлстад истакна дека според првичните сознанија не станува збор за подметнат пожар.
Пожарникарните екипи по два часа работа го изгаснале пожарот, со што спречиле негово ширење врз другите куќи.