Ekip
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
КАБУЛ
Во експлозија на метан во рудник за јаглен до која дојде во подрачјето Дере-и Суф Бала во провинцијата Саманган, во северниот дел на Авганистан животот го загубија 16 рудари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на министерството за рударство и нафта Абдул Кадир Мустафа, во изјавата за медиумите истакна дека на просторот на Шабашак, во еден рудник за јаглен дошло до експлозија на метан во која животот го загубиле 16 рудари.
Во изјавата портпаролот Мустафа информираше дека повеќе од 15 рудари се наоѓаат заглавени во рудникот, додавајќи дека продолжуваат операциите за извлекување на рударите од рудникот.