Mücahit Oktay
14 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
ЊУЈОРК (АА) - Околу 100 милиони луѓе во САД се предупредени да преземат мерки на претпазливост поради високите температури на воздухот кои се ефективни во државите од средниот запад и се движат кон исток, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната метеоролошка служба предвидува дека температурите до среда би можеле да достигнат рекорди во повеќе од 100 градови во централниот регион на земјата. Од температурите ќе ги погодат речиси 100 милиони луѓе кои живеат во тоа подрачје.
Во вестите во американските медиуми, се користи терминот „опасно топли услови“ за места каде температурите достигнуваат и до 45 степени.
Особено се бара постариот дел на населението да преземе мерки на претпазливост.
Се посочува и дека брзото зголемување на температурите може да предизвика силно невреме во средните региони на САД во првите денови од неделата, па дури и да прерасне во ураган во регионите Чикаго, Детроит, Кливленд и Питсбург.
Се предупредува дека топлотниот бран кој се движи кон исток, ќе го продолжи своето влијание во текот на наредната недела, а температурите ќе бидат над сезонските нормали и ќе траат подолго поради климатските промени што ги предизвикаа луѓето.
Muhabir: Mücahit Oktay