Aldıjana Hadzıc
06 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - По наводите дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го признае Ерусалим како главен град на Израел и ќе ја пресели американската амбасада од Тел Авив во тој град, нетрпеливоста меѓу Палестина и Израел уште еднаш се најде во центарот на вниманието на светската јавност, јавува Anadolu Agency (AA).
Планот на Трамп за признавање на Ерусалим како главен град на Израел и преместување на американската амбасада од Тел Авив, на почетокот од декември предизвика остри реакции кај меѓународната заедница, а особено земјите на исламскиот свет предупредуваат на фатални последици од таквиот чекор.
Планот го осудија и голем број меѓународни организации, вклучувајќи ја и Организацијата за исламска соработка (ОИС), Арапската лига и ЕУ, а ниту една земја, ни организација досега не го поддржаа тој план. Меѓу најгласните противници е Турција, чиј претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Ерусалим е црвена линија за муслиманите.

- Балфоровата декларација – придвижувач на процесот -
Наполеон уште во 1799 година ја изнесе идејата на подрачјето на тогашна Палестина под османлиското владеење да се основа еврејска држава. Следуваше масовно доселување на Евреите од сите делови на светот во Палестина, и така беше подготвен проектот за окупирање на Палестина од страна на ционистите.
Британската војска предводена од генералот Едмунг Алеби го зазеде Ерусалим во 1917 година, а со завршувањето на османлиското владеење во Палестина беше отворен патот за реализирање на ционистичкиот план за втемелување на еврејската држава. Истата година е објавена и Балфоровата декларација, со којашто е предвидено основањето на таа земја.
На иницијатива на ерусалимскиот муфтија Мухамед Амин ел Хусеини, во Ерусалим, во 1931 година беше одржан Сеисламски конгрес, на којшто присуствуваа 153 делегати од 22 исламски земји, а поводот беше спротивставување на одлуките на земјите од Западот и од Лигата на народите.
- Израел основан во 1948 година -
На 29 ноември 1947 година, Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата со којашто се предвидува поделба на палестинската територија на палестинска и еврејска земја. Против таа одлука беа Палестинците и голем број арапски земји, а ционистите ја славеа како голем успех.
Ден подоцна, ционистите формираа вооружена група „Каганах“, која зазеде подрачја во коишто беше овозможено да се населат Евреите. По завршувањето на британскиот мандат над Палестина, Давид Бен-Гурион на 14 мај 1948 година прогласи дека е основана државата Израел.
Палестинците овој ден го нарекуваат Накба и го одбележуваат како почеток на катастрофата што сѐ уште трае, односно систематки прогон во којшто речиси милион Палестинци се протерани.
Западен Ерусалим премина под управа на Израел, а Источен на Јордан. Во Шестдневната војна во 1967 година, Израел во окупираше Источен Ерусалим.
Џамијата Ал-Акса, дел од истоимениот комплекс, во 1969 година беше цел на напад на екстремистичкиот австралиски евреин, Денис Мајкл Рохан.
Претседателот на Египет, Анвар ел Садат, во 1977 година стана првиот арапски лидер кој го прифати Израел и неговата власт во Ерусалим.
- Израел во 1980 година го прогласи Ерусалим за главен град -
Израел во 1980 година го прогласи Ерусалим за главен град. Во резолуцијата 478. на Советот за безбедност на ОН (СБОН), прогласувањето беше наречено ништовно. Исто така, сите земји се повикани да ги задржат амбасадите во Тел Авив.
Израелското отворање на нов тунел кон Sидот на плачот во 1996 година, во рамките на ископувањето во близина на Ал Акса, наиде на остри реакции од страна на Палестинците. Во судирите што следуваа и траеја неколку дена, беа убиени 63 Палестинци, а околу 1.600 лица беа ранети.
Тогашниот премиер на Израел, Ариел Шарон, во 2000 година нареди упад во Ал Акса, што беше прва искра на Втората интифада, позната и под називот Ал Акса интифада.
Израел од 2003 година почна да ги прима еврејските доселеници во дворот на Ал Акса и повремено да донесува забрани за влез на муслиманите на одредена возраст.
Советот за безбедност на ОН (СБОН) на 23 декември 2016 година донесе резолуција со којашто од Израел се бара да ја спречи изградбата и ширењето на окупираната палестинска територија. Резолуцијата, која ја предложија Малезија, Нов Зеланд, Сенегал и Венецуела, беше усвоена со 14 гласови за, а САД беа воздржани.