Ekip
18 Октомври 2021•Ажурирај: 19 Октомври 2021
БРИСЕЛ
Европската Унија (ЕУ) ги продолжи санкциите за терористите на терористичката организација ДЕАШ и Ал-Каеда, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во моментов, шест лица се предмет на рестриктивни мерки, кои се состојат од забрана за патување во ЕУ и замрзнување на имотот“, објави Советот на ЕУ во соопштението за новинарите по одлуката на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Покрај овие санкции, на операторите на ЕУ им е забрането и да ставаат средства на располагање на терористите што се на црната листа.
Санкциите се продолжени до 31 октомври 2022 година.
ЕУ од 2016 година ги санкционираше сторителите на терористички акти и оние што даваат поддршка и поттикнуваат такви дејствија или регрутираат за терористичката организација ДЕАШ и Ал Каеда или нивните филијали.
Црната листа на Блокот е одвоена, но комплементарна со рестриктивните мерки што ги воведе Советот за безбедност на ОН против ДЕАШ и Ал Каеда.