Nour Mahd Ali Abu Aisha,Ali Semerci
15 Јуни 2018•Ажурирај: 16 Јуни 2018
ГАЗА (AA) - Стотици Палестинци клањаа Бајрам-намаз на израелската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу нив беше и Исмаил Хеније, претседател на политичкото крило на палестинското движење Хамас и членот на Хамасовото Политбиро, Халил ал Хаје.
Халил ал Хаје во бајрамската порака рече дека со векови на ова подрачје не клањале Бајрам-намаз. Порача дека целта е да се покаже дека со клањањето на Бајрам-намаз на ова подрачје, продолжуваат со мирните демонстрации „Големиот марш за враќање“, кои од 30 март се одржуваат на границата со Газа.
„Дојде време безусловно и засекогаш да се укине блокадата на Газа“, рече Хаје. Потсети и на тоа дека израелските војници пукаат во деца, жени и немоќни цивили.
Израелските војници во текот на мирните демонстрации „Големиот марш за враќање“, кои од 30 март се одржуваат на границата со Газа, усмртија 128 и ранија повеќе од 14.000 Палестинци.