Burak Dağ
19 Декември 2022•Ажурирај: 20 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека вооружените сили на земјата и понатаму ја имаат контролата врз Бахмут и покрај нападите на руските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Го чуваме градот, иако окупаторите прават сè за да не остане таму ниту еден неоштетен ѕид“, рече Зеленски во видеообраќањето синоќа.
Зеленски истакна дека „Бахмут е клучен“, додавајќи дека имал состанок со украинските воени претставници за детално разгледување на ситуацијата во регионите Доњецк и Луганск.
Украинскиот претседател истакна дека на јужниот фронт украинската армија „постепено го редуцира потенцијалот“ на руските сили во регионите Запорожје и Херсон.
Украинскиот лидер, исто така, повика на обезбедување помодерни системи за противвоздушна одбрана во доволен број за Украина.
Тој ја истакна важноста на заштитата на украинската граница и со Русија и со Белорусија, нагласувајќи; „Се подготвуваме за сите можни одбранбени сценарија.“
Во однос на прекините на електричната енергија, Зеленски рече дека имало сериозни прекини во електричната енергија како резултат на руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура во Украина на 16 декември.
Нагласи дека снабдувањето со електрична енергија потоа било обновено за речиси 9 милиони корисници во Украина во текот на викендот, благодарение на поправките по руските напади.