Berk Özkan
22 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Украина Владимир Зеленски разговараа телефонски, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што е соопштено од Кабинетот на турскиот претседател, Ердоган и Зеленски разговараа за додатното јакнење на билатералните односи и за регионалните случувања.
Претседателот на Украина на Ердоган му честиташе по повод пронаоѓањето на големите резерви природен гас во Црното море и посака многу успех на турскиот народ.
Со сондажното истражување на наменскиот брод „Фатих", Турција во Црното море откри резерви на природен гас од најмалку 320 милијарди кубни метри.