Gözde Bayar
07 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
АНКАРА
Украина „нема да ги прости“ нападите на Русија врз невините луѓе, рече Владимир Зеленски, претседателот на земјата, доцна синоќа, известува Агенција Анадолија (АА).
„Нема да го простиме проектилот што нашата противвоздушна одбрана го собори над Охматдит (Детска болница) денеска... Нема да го простиме пукањето кон невооружени луѓе“, рече Владимир Зеленски во видео порака објавена на социјалната мрежа Телеграм.
„Нема да простиме егзекуции на невооружени луѓе, уништување на нашата инфраструктура. Стотици и стотици жртви. Илјадници и илјадници луѓе кои страдаат. И Бог нема да прости. Не денес. Не утре. Никогаш. И наместо простување, ќе има Суден ден. Јас сум сигурен во ова“, додаде Зеленски.
Во врска со изјавите на Русија за бомбардирањето само на претпријатијата од одбранбена индустрија, тој рече дека тоа е „намерно убиство“. Тој додаде дека повеќето од претпријатијата биле изградени пред неколку децении, за време на Советскиот Сојуз.
Зеленски исто така рече дека одлучил титулата „Град херој“ да им ја додели на Харкив, Чернихив, Мариупол, Керсон, Хостомел и Волноваха, кои се спротивставија на руските напади, да ги награди администраторите во неколку градови кои се спротивставија на нападите со „Орден на Бохдан Хмелницки“, украинска воена награда наречена по Бохдан Хмелницки, воен командант на украинските Козаци.
Наградата е воспоставена на 3 мај, 1995 година од украинскиот претседател Леонид Кучма во чест на одбележување на 50-годишнината од крајот на Втората Светска војна во Европа.
Најмалку 364 цивили се убиени и 759 други се повредени во Украина откако Русија ја започна војната во источноевропска земја на 24 февруари според пресметките на ОН, со стравувања дека реалната бројка ќе биде повисока.
Повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина и преминаа во соседните земји, според Агенцијата на ОН за бегалци.
Рускиот напад на Украина се соочи со осуда од меѓународната заедница, при што Европската Унија, Велика Британија и САД а меѓу другите воведоа и низа економски санкции кон Москва.