Ahmet Dursun
27 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
АНКАРА
Во иранската провинција Кирман, сместена во југоисточниот дел на земјата, се случи земјотрес со интензитет од 5,4 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што ги објави Центарот за сеизмологија при Универзитетот „Техеран“, епицентарот на земјотресот со интензитет од 5,4 степени бил во местото Фарјаб во провинцијата Кирман, на длабочина од 14 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви или повредени во земјотресот.