Mohammad Sıo
23 Ноември 2024•Ажурирај: 27 Ноември 2024
КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Најмалку шест израелски војници си го одзеле животот во последните месеци, објави израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“ наведувајќи го тешкиот психолошки стрес поради долготрајните воени дејства во Појасот Газа и во јужен Либан како примарна причина, пренесува Анадолу.
Истрагата укажува дека вистинскиот број на самоубиства може е поголем. Израелската војска досега одби да ги сподели официјалните податоци, со најава дека тоа ќе го стори до крајот на годината.
Извештајот ја нагласува пошироката ментална здравствена криза во израелската војска. Илјадници војници побарале помош од воените клиники поради менталното здравје или од теренски психолози, при што приближно една третина од војниците покажуваат симптоми на посттрауматско стресно растројство (PTSD).
Според истрагата, бројот на војници кои претрпеле психичка траума може да ги надмине оние кои претрпеле физички повреди во војната.
Весникот ги цитира експертите кои велат дека целосниот обем на оваа ментална здравствена криза ќе стане јасен откако ќе завршат воените операции и војниците ќе се вратат во нормален живот.
Во март, Лусијан Татса-Лаур, шеф на Одделот за ментално здравје на израелската војска, за весникот „Хаарец“ изјави дека околу 1.700 војници добиле психолошки третман.
Оттогаш се појавија повеќе извештаи кои укажуваат дека илјадници војници страдаат од проблеми со менталното здравје поради продолженото нивно распоредување во Газа и во јужен Либан.
Регионалните тензии ескалира поради бруталната офанзива на Израел во Појасот Газа, во која од октомври минатата година до сега убиени се над 44.000 Палестинци, главно жени и деца.