Sena Güler
24 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за високо образование, Зеев Елкин, за кого се знаеше дека е близок на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поднесе оставка од партијата Ликуд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку соопштение Елкин истакна дека тој исто така се повлекува од функцијата министер и го обвини Нетанјаху дека ја користи партијата за свои интереси.
„Повеќе не можам да го повикувам израелскиот народ да гласа за тебе [Нетанјаху] и да верува дека ќе работите за него“, нагласи тој.
„Израелскиот народ не може да биде држен како заложник заради Вашите лични интереси.“
Гидеон Са'ар, кој претходно се оддели од владејачката партија Ликуд и ја формира партијата Нова надеж, рече дека Елкин ќе се приклучи на неговата партија.
Во вторникот, Шарен Хаскел, помлад пратеник од Ликуд, исто така објави дека се повлекува од партијата за да се приклучи на партијата Нова надеж.
Оставките уследија по одлуката во вторникот за одржување на предвремени избори во март, бидејќи коалициската Влада на партијата Ликуд и Сино-белата партија предводена од израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, не можеа да се договорат за буџетот во дадениот рок.
Кнесетот, израелскиот Парламент, автоматски се распушти вчера изутрина.