Mahmoud Mohamed Barakat
06 Јануари 2022•Ажурирај: 08 Јануари 2022
АНКАРА
Израелската Влада го осуди нападот врз камерманот на Агенција Анадолија во Тел Авив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата за печат на израелската Влада (GPO) на Твитер напиша дека силно го осудува нападот врз камерманот на АА, Фајз Абу Румаила, кој се случи вчера.
„Слободата на печатот е света вредност на израелската демократија“, нагласи ГПО.
Екстремистичките Евреи вчера го претепаа Румаила додека тој чекаше пред болницата „Асаф Харофе“, каде што е примен на лекување палестинскиот затвореник Хишам Абу Хаваш.
Абу Хаваш се согласи да го прекине својот отворен штрајк со глад во вторникот, откако постигна договор за негово ослободување.
Хаваш водеше штрајк со глад повеќе од 141 ден во знак на протест против неговото апсење без судење според израелската политика на административен притвор.