Ekipa
31 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
СЕУЛ (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денес пристигна во Северна Кореја, што ги потврдува настојувањата на Пјонгјанг да ги продолжи разговорите со големите регионални сили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Така Лавров стана првиот шеф на руската дипломатија кој по девет години допатува во Северна Кореја. Сепак, важно е да се додаде дека во април оваа година во Москва беше домаќин на севернокорејскиот колега Ри Јонг Хо.
Руското Министерство за надворешни работи претходно најави дека двајцата шефови на дипломатијата разговарале за билатералните прашања и целосната ситуација на Корејскиот Полуостров.
Изгледа дека Северна Кореја настојува да ги зајакне врските со пријателските соседи, бидејќи претседателот Ким Џонг Ун во март два пати беше во Кина, а пред тоа никогаш не ја напуштал земјата во својство на лидер.
Исто така, Пјонгјанг одржува директен дијалог со признатите непријатели Јужна Кореја и САД, и тоа со ветување дека ќе се бори за мир и денуклеаризација.
Ким дури во два наврати се состана со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, а планирано е и одржување средба со американскиот претседател Доналд Трамп во јуни. Иако во еден момент Трамп ја откажа средбата, брзо ја повлече таа одлука и одржувањето на самитот е сè поизвесно.