Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
06 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес ќе го посети Азербејџан, во услови на тековните погранични судири меѓу Азербејџан и Ерменија, се соопштува од Министерството за надворешни работи на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За време на неговата посета, азербејџанскиот претседател Илхам Алијев ќе го прими турскиот шеф на дипломатијата“, се вели во соопштението.
Чавушоглу, исто така, и со неговиот колега Џејхун Бајрамов ќе размени мислење за моменталната ситуација во окупираниот регион на Азербејџан од страна на Ерменија, Нагорно Карабах, како и за други регионални и меѓународни случувања што се одвиваат во моментот.
Пограничните судири избувнаа на 27 септември, кога ерменските сили започнаа со напади врз азербејџанските цивилни населби и воени позиции, кои резултираа со жртви.
Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации бараат повлекување на окупациските сили.
Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.
Франција, Русија и НАТО, меѓу другите, повикаа на итен прекин на судирите во окупираниот регион.