Ekipa
25 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници на Западниот Брег уапсија 16 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Здружението на палестински затвореници соопшти дека израелските војници синоќа на неколку локации низ Западниот Брег уапсиле Палестинци под обвинение за вмешаност во терористички активности.
Израелските сили скоро секој ден извршуваат операции на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) и под различни обвиненија ги приведуваат Палестинците.
Податоците од палестинските затвореници покажуваат дека во израелските затвори има околу 6000 Палестинци, вклучувајќи и 350 малолетни лица.
Тензиите на Блискиот Исток се интензивираат по неодамнешното преместување на Американската амбасада во Ерусалим, кој Израел го окупираше во 1967 година.
Илјадници Палестинци од крајот на март на границата во Газа протестираат поради израелската окупација и бараат право на враќање на својата земја. Израелските сили убија најмалку 123 лица и ранија неколку илјади палестински демонстранти.
Источен Ерусалим (Кудс) останува во срцето на повеќедеценискиот конфликт на Блискиот Исток.