?kipa
25 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
АМАН (АА) - Јорданските власти соопштија дека повеќе нема да примаат сириски бегалци кои со новиот бран бегаат од јужното погранично подрачје на Дера, Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад сè поинтензивно изведуваат воздушни и копнени напади во јужната бунтовничка енклава Дера.
Паралелно со тоа, локалните бунтовнички групи им порачаа на САД да не интервенираат, така што сè поголем број цивили одлучуваат да побегнат во соседен Јордан.
Портпаролката на јорданската Влада, Џумана Гунајмат, соопшти дека Кралството Јордан соработува со САД и Русија за да ги заштити своите национални интереси.
„Јордан веќе прими премногу бегалци од Сирија и тоа веќе не можеме да го правиме“, рече Гунајмат.
Според официјалните владини информации, Јордан има згрижено 660.000 сириски бегалци, но неофицијални извори тврдат дека во земјата има двојно повеќе бегалци од Сирија.