Mustafa Deveci
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили приведоа 10 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на израелската Војска, во операциите извршени синоќа, во различни места на Западниот Брег, приведени се 10 Палестинци под образложение дека биле вмешани во „терористички активности“.
Се вели дека приведените Палестинци се пренесени во центрите за притвор, каде што ќе бидат испрашувани.
Очевидците истакнаа дека израелските војници во утринските часови извршиле рација во куќата на Хадар Аднан, еден од лидерите на Движењето Исламски џихад, на Западниот Брег, при штo бил приведен.
Израелските сили често вршат рации во окупираните Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни образложенија приведуваат Палестинци.
По приведувањата кои во Западен Брег и Ерусалим станаа вообичаени, дел од приведените Палестинци, меѓу кои и деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.