Fuat Kabakcı
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
ПЕКИНГ (АА) - Две лица го загубија својот живот во земјотресот што се случи во кинеската покраина Сичуан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за мрежа на земјотреси на Кина соопшти дека земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер го погоди подрачјето на Ронгшиен, во градот Ѕигонг, кој се наоѓа во покраината Сичуан.
Земјотресот се случи на длабочина од 5 километри.
Според соопштението на локалната управа во Ронгшиен, во земјотресот загинаа две лица, а не е дадена информации за бројот на повредени.