İbrahim Hakkı Çetinkaya
11 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
АНКАРА
Повторно е активиран вулканот Синабунг кој се наоѓа на индонезискиот остров Суматра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Центарот за вулканологија и намалување на геолошките ризици на Индонезија, вулканот кој се наоѓа во зоната Северна Суматра, исфрлил чад и пепел, кои достигнале височина од 1.000 метри.
Се истакнува дека топлите пепелни облаци достигнале и до југоисточната зона на далечина од околу 3 километри.
Армен Путра, член на тимот за набљудување на вулканот Синабунг, истакна дека нема жртви на експлозијата, и дека упатиле апел до селаните кои живеат во околината, да се оддалечат 5 километри од вулканот и да бидат подготвени против опасноста од исфрлање на лава.
Инаку, вулканот Синабунг на почетокот на март исфрли чад и пепел.