Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Hacer Başer,Hamdi Yıldız
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
РИЈАД (АА) – Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, истакнаа дека со Организацијата на Обединетите нации (ОН) се договориле за заштита на децата во Јемен од вооружените судири, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија, СПА, во главниот град Ријад, командантот на здружените сили на коалицијата и специјален претставник на генералниот секретар на ОН за децата во конфликтните подрачја, Вирџинија Гамба, потпишаа иницијатива за помоќна заштита на децата во Јемен.
Почнувајќи од следниот месец, ќе започне меѓународната иницијатива за рехабилитација на децата.
Хусите во судирите во Јемен, во своите редови зеле 24.000 деца. Ова состојба сѐ уште продолжува во конфликтните региони.
Во Јемен, каде што долго време владее политичка нестабилност, се случуваат судири помеѓу Хусите и владините сили.
Хусите од септември 2014 година го зазедоа главниот град на Јемен, Сана, како и одредени околни подрачја.
Коалициските сили, под водство на Саудиска Арабија, од март 2015 година ѝ даваат поддршка на Владата на Јемен против Хусите.
Во земјата секојдневно се зголемува бројот на заболените од епидемии, пред сѐ од колера, предизвикани од различни причини како немање пристап до чиста вода, недоволна исхрана и недостиг на лекови.