Halit Süleyman
16 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - Бројот на загинати лица во воздушните напади врз подрачјата контролирани од страна на опозициските сили во градот Алепо, во северниот дел на Сирија, се искачи на 42 лица. Додека бројот на повредени порасна на 83 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на цивилната одбрана за Алепо, Биберс Мишал, во изјавата за АА рече: „Руските и режимските воени авиони продолжуваат со интензивните бомбардирања врз подрачјата во источниот дел на Алепо, којшто се наоѓа под контрола на опозициските сили“.
Мишал соопшти дека во последните 24 часа во воздушните напади во округот Шеaр загинаа 22 лица, во Сукери 13 лица и во Енсари 4 лица. Покрај овие жртви во округот Дахрет Авад загинаа 2 лица, а во Баб Неџраб едно лице.
Мишал пренесе дека во нападите се повредени 83 лица. Тој исто така рече дека бомбаридањата се толку интензини што немаат можност повредените да ги пренесат во болница.
Портпаролот на американскиот државен секретаријат Елизабет Трудо, во вчерашната изјава ги осуди руските и режимските воздушни напади во Алепо. Од друга страна, пак, потпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, изјави дека руските авиони веќе 28 дена вршат напади врз Алепо.