Ahmet Dursun
24 Март 2023•Ажурирај: 25 Март 2023
АНКАРА (АА) - Над 80 лица се повредени во земјотресот што се случи во градот Хој во иранската северозападна покраина Западен Азербејџан, пренесува Анадолу.
Емир Абас Џафери, генерален директор на Дирекцијата за управување со кризи при Гувернерството на Западен Азербејџан, во изјавата за медиумите истакна дека како резултат на земјотресот со епицентар во Хој се оштетени голем број згради во Хој и во Селмас.
„Поради земјотресот се повредени 82 лица во градовите Хој и Селмас“, рече Џафери.
Земјотресот со јачина од 5,6 степени се случи изутрина во 06:46 часот по локално време во Хој.
Инаку, градот Хој, исто така, на 28 јануари беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени, при што загинаа три, а повредени беа 1.167 лица.