Mesut Zeyrek
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
КЕЛН (АА) - На врата од џамија во областа Фајхинген Енц, во близина на градот Штутгарт, Германија, беше пронајдена обесена свинска глава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На вратата на џамијата „Фатих“, која е поврзана со Управата за верски работи на Турската исламска заедница во Германија (DITIB), вчера навечер околу 23:30 часот по локално време две лица обесиле глава од свиња и набрзина се оддалечиле од местото. Настанот е снимен од безбедносните камери на џамијата.
Претседателот на Здружението на џамијата „Фатих“ од Управата за верски работи на Турската исламска заедница во Германија (DITIB), Латиф Пекмезчи, истакна дека извршителите во џамијата дошле со комбе и дека на нивните маици пишувало име на една компанија.
Тој исто така рече дека настанот е пријавен во полиција.
Изразувајќи жалење за настанот, Пекмезчи соопшти дека полицијата го посетила местото на настанот и дека започнала истрага.
По настанот, генералниот конзул на Турција во Штутгарт, Мехмет Еркан Онер, аташето за верски услуги, Муса Узун, и претседателот на ДИТИБ во покраината Виртемберг, Исмет Харби, ја посетиле џамијата и изразиле жалење за настанот.