Haydar Karaalp
16 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
БАГДАД (АА) - Ирачкиот претседател Бархам Салих се откажа од државјанството на Велика Британија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на неговиот Кабинет, Локман Фејли, соопшти дека Салих и официјално се откажал од британското државјанство во согласност со Уставот на Ирак, кој тоа му го налага поради функцијата која ја извршува.
„Претседателот Салих е благодарен на Велика Британија која му даде државјанство во периодот кога беше опонент и критичар на режимот на Садам Хусеин“, се наведува во соопштението.
Уставот на Ирак им забранува на највисоките официјални претставници на оваа земја да имаат двојни државјанства.
И претходникот на Салих, Фуад Масум, по изборот на функцијата претседател на Ирак се откажа од државјанството на Велика Британија.