Nilay Kar
16 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
ТОРОНТО (АА) - Демонстранти облечени во жолти елеци, поттикнати од протестите што се одржуваат во Франција повеќе од еден месец, излегоа на улиците во различни градови низ Канада, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите одржаа собири во осум града во земјата - Едмонтон, Торонто, Винипег, Оканаган, Монктон, Калгари, Саскатун и Халифакс, во знак на протест поради владините политики и Пактот за миграции на ОН.
На собирот во градот Халифакс, десетици луѓе ги критикуваа политиката на премиерот Џастин Трудо и неодамна потпишаниот Глобален договор за миграции на Обединетите нации.
Околу 60 демонстранти кои се собраа во Торонто, исто така, го изразија својот протест во однос на недостигот на слобода на говорот во земјата, како и во однос на Пактот за миграции на ОН.
Собирите во Едмонтон и Винипег беа одржани против Пактот за миграции на ОН. Во Оканаган демострантите протестираа за слобода на говорот.
Демонстрациите низ целата земја завршија мирно, без полициска интервенција.
Од 17 ноември илјадници демонстранти, носејќи жолти елеци, протестираат во големите француски градови, вклучувајќи го и главниот град Париз, изразувајќи негодување поради зголемувањето на данокот на горива на Макрон и влошената економска ситуација.
За време на демонстрациите загинаа најмалку четири лица, а над илјада беа повредени.