Ömer Ural
07 Јуни 2019•Ажурирај: 08 Јуни 2019
ТЕКИРДАГ (АА) - Омер Урал -
Претседателот на Здружениeто за развој на свеста за животната средина и професор на Фармацевтскиот факултет „Диџле“, д-р Хамди Темел, наведе дека најотровните и канцерогени супстанции се наоѓаат во пластиката на црните кеси, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што изјави тој, турското Министерство за животна средина спроведе проект за намалување на употребата на пластични кеси.
Темел смета дека е многу голема штетноста на пластичните кеси за околината и луѓето.
„Според последните податоци на Министерството за животна средина на Турција, за 70 отсто е намалена употребата на најлонски кеси. Многу е важно да се намали штетноста која ја предизвикуваат најлонските кеси“, појасни Темел.
Тој наведува дека употребата на пластични кеси влијае и на глобалното загревање.
„Растенијата, овошјето и зеленчукот растат таму каде што се оставаат кесите да скапуваат (гнијат). Ние сме оние кои ги јадеме, а тогаш тие хемиски супстанции ни пречат нам. Доколку не се распаднат, ги јадат животните и тие се причина за смртноста кај нив. Нанесуваат штета и на атмосферата“, изјави Темел.
Тој смета дека е штетна и храната и пијалакот кои топли ги ставаме во пластични чаши или чинии.
„Апсолутно треба да ги исфрлиме од нашите животи. Не треба да користиме пластични кеси, чинии, лажици, виљушки со топла храна или пијалак“, појасни Темел.