Sayed Khodaberdi Sadat
05 Септември 2019•Ажурирај: 06 Септември 2019
КАБУЛ (АА) - Во авганистанскиот главен град Кабул, во близина на подрачјето во кое се наоѓаат дипломатските претставништва, експлодираше бомба поставена во минибус. Во нападот животот го загубија 10 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за внатрешни рабори, Насрат Рахими, за АА изјави дека експлозијата се случила во источниот дел на градот, во подрачјето на Шаш Дерек, во кое се сместени Амбасадата на САД и други дипломатски мисии.
Рахими информираше дека во нападот животот го загубиле 10 лица, а 42 се ранети.
Тој наведе дека во исто време се уништени и 12 возила во сопственост на цивили.
Очевидците тврдат дека напаѓачот за цел ги имал возилата кои им припаѓале на странците.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, кои тврдат дека во нападот животот го загубиле 12 странски војници.