Ekipa
31 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
СЕУЛ (АА) - Кина ги повика САД да се ослободат од 'менталитетот од времето на Студената војна и идеологија на нулта сума', откако американскиот претседател Доналд Трамп во говор за состојбата на нацијата таа земја ја нарече ривал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг изјави дека заедничките интереси ги надминуваат разликите меѓу двете страни и дека САД односот би требале да го набљудуваат правилно.
Кинескиот трговски суфицит со САД од околу 275 милијарди долари веќе долго време е причина за напнатост на двете земји, покрај растечкото ривалство за воена надмоќ во Азија и обвиненија за кражба на интелектуалната сопственост.
Претседателот на САД, Доналд Трамп во говор за состојбата на нацијата синоќа предупреди дека отпадничките режими, како Иран и Северна Кореја, терористичките групи како ДЕАШ и ривалите како Кина и Русија ги загрозуваат нивните интереси, економија и вредност.