Riyaz Khaliq Khaliq
18 Август 2022•Ажурирај: 19 Август 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Кинеската војска ќе испрати војници да присуствуваат на мултинационалната воена вежба во Русија „за продлабочување на практичната и пријателската соработка“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Војниците на Народноослободителната армија ќе бидат дел од стратешката вежба „Восток“ (исток) 2022“ во која тие ќе им се придружат на колегите од Русија, Индија, Белорусија, Таџикистан и Монголија.
„Учеството на кинеската војска во вежбата не е поврзано со актуелната меѓународна и регионална ситуација“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Кина.
Воената вежба, која е дел од годишниот план за воена соработка на Кина и Русија, ќе се одржи од 30 август до 5 септември.
Министерството додаде дека воената вежба е „дизајнирана за продлабочување на практичната и пријателската соработка со војските на земјите кои учествуваат, подобрување на нивото на стратешката координација и зајакнување на способноста за справување со различни безбедносни закани“.