Zeynep Hilal Karyağdı
22 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
ХАЏА (AA) - Коалициските сили во Јемен, предводени од Саудиска Арбија извршија воздушни напади врз позициите на Хусите. Во нападот се убиени 8 милитанти на Хусите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави прес-центарот на 5. воено подрдачје на јеменската армија, коалициските авиони предводени од Саудиска Арабија, во подрачјето на областа Хаџа, во местото Миди ги бомбардирала позициите на Хусите.
Во нападот се убиени 8 милитанти на Хусите, а во веста се вели дека има и ранети, но не се дадени детали околу бројката.
Подолг период во Јемен продолжува политичката несигурност и доаѓа до судири меѓу Хусите и легитимната влада. Хусите, во септември 2014 година воспоставија контрола врз главниот град Сана и некои други подрачја, а од март 2015 година, поддршка на легитимната јеменска влада во борбата против Хусите им даваат коалициските сили предводени од Саудиска Арабија.