Emre Gürkan Abay
27 Јануари 2023•Ажурирај: 29 Јануари 2023
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) дека преку своите изјави се обидуваат да ја „демонизираат“ руската безбедносна компанија „Вагнер“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одговарајќи на прашање на новинар во Москва, Песков го искоментира американскиот опис на групата „Вагнер“ како „важна транснационална криминална организација“.
Наведувајќи дека САД со години даваат такви изјави против „Вагнер“, Песков рече: „Ова не е првпат да слушаме такви изјави од Вашингтон за демонизирање на „Вагнер“. Тоа трае веќе многу години.“
Тој истакна дека Вашингтон нема докази со кои би ги потврдил таквите тврдења.
„Ваквите изјави од Вашингтон се неосновани. Никогаш не сме виделе ниту сме прочитале јасно тврдење. Тие зборуваат за Централноафриканската Република, но на јавноста не ѝ се презентирани докази. Тоа значително го обезвреднува значењето на изјавите од Вашингтон“, рече Песков.
Американската администрација вчера ја окарактеризира групата „Вагнер“ како „голема транснационална криминална организација“ и додаде одредени поединци и организации поврзани со групата и нејзиниот основач Евгениј Пригожин на листата за санкции.