Handan Kazancı
31 Јануари 2022•Ажурирај: 01 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Куба ги повика Соединетите Американси Држави (САД) да стават крај на шестдецениското ембарго за трговија, во услови кога светот е погоден од пандемијата на Ковид-19, пренесуа Агенција Анадолија (АА).
„Сурово и нехумано е тоа што среде најтешката здравствена криза во модерната историја, Владата на САД продолжува да биде опседната со идејата да го задушува кубанскиот народ“, објави кубанското Министерство за надворешни работи на Твитер, споделувајќи фотоколаж од 11 поранешни американски претседатели кои ја одржаа блокадата.
Официјалната новинска агенција на Куба „Пренса Латина“ исто така, објави дека населението внатре и надвор од карипската земја бара крај на економските, комерцијалните и финансиските санкции на САД.
„Економската американска блокада казнува неколку кубански генерации повеќе од 60 години. Затегнато е, со посебна суровост од почетокот на пандемијата на Ковид-19, што е грдо и незаборавно злосторство“, напиша на Твитер заменик-министерот за надворешни работи на Куба, Карлос Фернандез де Косио.
САД одржуваат сеопфатно економско ембарго на Куба од февруари 1962 година, кога тогашниот американски претседател Џон Ф. Кенеди прогласи ембарго на трговијата меѓу двете земји.
Иако ембаргото беше олабавено во 2000 година за да се овозможи испраќање храна и хуманитарни стоки во Куба, тоа во голема мера остана недопрено. Ембаргото го забранува најголемиот дел од американскиот бизнис со Куба, изложувајќи ги американските корпорации на потенцијални санкции доколку имаат бизнис со ривалот од Студената војна.
Минатата година, Генералното собрание на ОН го повтори својот повик до САД да го прекинат своето ембарго кон Куба, последниот повик од долготрајната серија годишни гласања со кои се инсистира мерката од времето на Студената војна да се прекине.